Тој е вистински пример како треба да се однесува секој од нас кон природата и кон животната средина. Не сака да живее во град што се дави од ѓубре, во околина каде што насекаде се фрла смет, каде што никнуваат диви депонии на секој чекор. Дваесет и двегодишниот Филип Ѓорѓиев е наш тивок херој, кој реши да стори нешто за својот град и преку својот пример да покаже дека доколку секој од нас даде мал придонес во заштитата на животната средина, ќе се смени грдата слика на Скопје, кое треба да го носи епитетот „метропола“. Така, пред еден месец, на својот инстаграм-профил ја поведе иницијативата „Кеса на десет“, што значи обврска на секои 10 следачи на „Инстаграм“, да собере кеса ѓубре. И почна. Досега има собрано 700 кеси со смет и вели дека нема да застане сè додека не бидат собрани толку кеси колку што има следачи на „Инстаграм“, а во моментов ги има околу 27.000.

– Можеби, на овој начин нема директно да се искоренат лошите навики на луѓето да го фрлаат ѓубрето каде што ќе стигнат, но може да се влијае на нивната свест – потенцира младото и амбициозно момче

 

Дваесет и двегодишниот Филип Ѓоргиев од Кисела Вода е вистински екологист и поборник за здрава и чиста животна средина. Со својот волонтерски ангажман, тој е пример како треба да се однесува секој од нас кон околината. Филип Ѓорѓиев е наш тивок херој, кој реши да стори нешто за својот град и преку својот пример да покаже дека доколку секој од нас даде мал придонес во заштитата на животната средина, ќе се смени грдата слика на Скопје, кое треба да го носи епитетот „метропола“.

Така, пред еден месец, на својот инстаграм-профил ја поведе иницијативата „Кеса на десет“, што значи обврска на секои 10 следачи на „Инстаграм“, да собере кеса ѓубре. И почна. Досега има собрано 700 кеси со смет и вели дека нема да застане сè додека не бидат собрани толку кеси колку што има следачи на „Инстаграм“, а во моментов ги има околу 27.000.

– Можеби, на овој начин нема директно да се искоренат лошите навики на луѓето да го фрлаат ѓубрето каде што ќе стигнат, но може да се влијае на нивната свест – вели за весникот ВЕЧЕР младото и амбициозно момче.

Неговиот инстаграм-профил не е само дигитален дневник туку и мапа на локации каде што Скопје заборава на својот естетски и еколошки идентитет. Во оваа волонтерска авантура влегол сам и под слоганот „Собирај, не фрлај“, почнал да го собира ѓубрето по скопските улици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by КолкуЃубре? (@kesanadeset)

 

– Иницијативата ми дојде поради тоа што има повеќе мини депонии во Скопје. Не сакав да има една голема, па одлучив да го земам телефонот и да го чистам ѓубрето, со цел да се подигне свеста кај луѓето – раскажува Ѓоргиев.

Во моментов, ѓубрето го собира сам или со најблиските од семејството и со поблиските другари. Но, вели дека имал и еден јавен повик за приклучување кон чистењето на просторот под Железничката станица.

– Дојдоа околу 15 луѓе и го исчистивме целиот простор. Но, она што загрижува е што сега тој повторно е полн со ѓубре – констатира Ѓоргиев.

Тој вели дека ќе следуваат нови јавни повици за чистење на одредени локации, на кои може да се приклучат сите што се заинтересирани. Поради топлото време, сè уште не ја одредил новата локација, но нагласува дека ќе ја објави на својот инстаграм- профил. Изненаден е од тоа колку внимание привлекол со својата иницијатива „Кеса на десет“.

Покрај чистењето на просторот под Железничка, била спроведена и акција за чистење под Калето и во Сончев Град.

– Имаме исчистено неколку туристички мапи за да може туристите да одат и притоа да не го вклучуваат телефонот – објаснува Ѓоргиев.

Тој додава дека неговата цел е да имаме чист град и да нема депонии.

Собраните кеси со смет ги остава во контејнерите, но нагласува дека ЈП „Комунална хигиена“ не ги собира.

Неговата порака до луѓето е да не го фрлаат ѓубрето каде што ќе им текне, бидејќи на тој начин, како што вели, „тие се поголемо ѓубре од она што го фрлаат“.

(А. П.)

 

ИЗДВОЕНИ