Халк Хоган почина на 24 јули во својот дом во Флорида, на 71-годишна возраст. Приватен погреб се одржа на 5 август во Клирвотер, Флорида, а присуствуваа неговиот син Ник, поранешната сопруга Линда Хоган и последната сопруга Скај Дејли. Но, ниту ќерката Брук не беше меѓу присутните.

Имено, на својот Инстаграм профил, Брук објасни дека нејзиниот татко ги мразел погребите и никогаш не сакал традиционална церемонија.

  • Иако ги ценам сите што му оддадоа почит, решив да го испратам на свој, личен и искрен начин. Во тишина, каде што се чувствував најблиску до него – на плажа, напиша таа.

Заедно со фотографиите со нејзиниот сопруг Стивен Олекси и нивните близнаци, таа додаде:

  • Единственото нешто што недостасуваше беше неговата преклопна маса на плажа, за да ги гледаме брановите и зајдисонцето. Ги зедовме нашите деца и ги потопувавме во истата солена вода што тој ја сакаше.

Таа, исто така, се присети на своето детство:

  • Секој бран, секое зрно песок ме потсетуваше на тоа како бев неговото „морско бебе“. Се надевам дека сега е во мир и знае колку го сакам.
  • За сите оние кои ме обвинуваат што не сум таму – тие дури и не ме поканија.

Иако призна дека во последните две години таа и нејзиниот татко биле помалку поврзани, таа нагласи дека немало големи конфликти или разделба меѓу нив.

  • Само се повлеков за да го заштитам моето срце. Никогаш не се каравме. Никогаш немаше голема драма, рече таа.

За потсетување, Брук одлучи да не биде вклучена во тестаментот на нејзиниот татко и не наследи дел од неговото богатство, кое се проценува на 25 милиони долари.

ИЗДВОЕНИ