Кениската атлетичарка Фејт Кипјегон го освои златото на трката на 1.500 метри на Светското првенство во Токио. Таа победи на финалната трка со време од три минути, 52 секунди и 15 стотинки.

Кенијката Доркус Евои го освои среброто, со заостанување од 2,77 секунди, додека Австралијката Џесика Хал го освои бронзениот медал, со заостанување од 3,01 секунда.

ИЗДВОЕНИ