Кели до членовите на Советот за безбедност на ОН: „Трамп сака војната меѓу Русија и Украина да заврши до 8 август“

113
EPA-EFE/Mohammed Badra

Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека сака договор за завршување на војната меѓу Русија и Украина до 8 август, изјавија САД денес пред Советот за безбедност на Обединетите нации.

„И Русија и Украина мора да преговараат за прекин на огнот и траен мир. Време е да се постигне договор. Претседателот Трамп јасно стави до знаење дека ова мора да се направи до 8 август. Соединетите Американски Држави се подготвени да преземат дополнителни мерки за да обезбедат мир“, изјави високиот американски дипломат Џон Кели пред членовите на Советот за безбедност, објави Ројтерс.

Американскиот претседател во понеделник изјави дека поставува нов рок од 10 до 12 дена за Русија да постигне напредок кон завршување на војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ