
Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), откри дека англискиот интернационалец Хари Кејн, сериозно ја разгледува и опцијата за трансфер во редовите на каталонскиот гигант Барселона. Искусниот напаѓач има договор со баварскиот клуб до 2027 година, додека Барса во него гледа идеална замена за полскиот интернационалец Роберт Левандовски.











