
Лидерот во германската Бундес лига, тимот на Баерн (М), сака во најбрз можен рок да ја продолжи соработката со англискиот интернационалец, Хари Кејн. Искусниот напаѓач има договор со баварскиот клуб до 2027 година, но во истиот има и ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 57 мил. евра. Неофицијално, Баерн (М) сака Кејн да потпише нов договор кој ќе биде со важност до 2029 година.











