
Веќе неколку недели, фудбалската јавност зборува за најважната индивидуална награда во фудбалскиот свет, „Златната топка“ на Франс фудбал, а многумина се прашуваат кој ќе биде прогласен за најдобар играч во светот за сезоната 2025/2026.
„Франс фудбал“ привлече многу критики објавувајќи список од 30 играчи кои се натпреваруваат за „Златната топка“, пред сè поради фактот што на него не се вклучени играчи како Рафиња и Педри, кои имаа одлична сезона.
Според многу најави и прогнози, се очекува главната битка да се води помеѓу тројца играчи, Хари Кејн, Ламине Јамал и Килијан Мбапе.
Тие имаа одлични сезони, а ова особено се однесува на Кејн и на Јамал, кои освоија неколку трофеи, за разлика од Мбапе, кој не успеа да го стори тоа со Реал (М) и со француската репрезентација.
Мбапе и Јамал исто така привлекоа големо внимание затоа што јавно започнаа кампања дека ја заслужуваат „Златната топка“.
Од друга страна, Кејн не сакаше да се претстави на тој начин, а во интервју што го даде за угледната „Марка“, кажа зошто не сака да го прави тоа.
„Не сакам да зборувам за себе, ќе дозволам 73 гола што ги постигнав да го сторат тоа. Нема сомнение дека ова беше најдобрата сезона во мојот живот“, рече Кејн.
Секако, многумина ги коментираа неговите зборови како одговор на тоа што прават Јамал и Мбапе и како се обидуваат да ја добијат титулата најдобар играч во светот со своите изјави.
Кејн не сака да се експонира на тој начин, а со една реченица ги замолкна Мбапе и Јамал затоа што беше доволно само да спомене каква нереална статистика имаше минатата сезона.
Англискиот напаѓач постигна 73 гола за Баерн и репрезентацијата на Англија минатата сезона, што го прави навистина неоспорен.
Зад него е Мбапе, кој постигна вкупно 66 гола за клубот и репрезентацијата, но фактот дека не освоил ниту еден трофеј на крајот би можел да го чини во борбата за „Златната топка“.
Кога станува збор за Јамал, неговата статистика е многу поскромна бидејќи минатата сезона постигна 25 гола и додаде 20 асистенции, но освои два трофеи со Барселона и, најважно, го освои Светското првенство со Шпанија.











