По лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници, информира на прес конференција денеска заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски, и додаде дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.
Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.
И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите шти ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.
Таа нагласи дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје, а според нејзините информации се уште не е хоспитализиран. Потенцира дека не се поврзани случаи.
И директорката упати апел граѓаните да не паничат и потенцира дека не се работи за ново заболување и за тоа веќе има протоколи.