Американската војска е подготвена за напад на Иран уште оваа сабота, но претседателот Доналд Трамп сè уште не донел конечна одлука дали да одобри воена акција, објави Си-ен-ен.
Според најновите извештаи, американската војска обезбедила значителното присуство на Блискиот Исток последните денови, но во Белата куќа интензивно се дискутира за ризиците и за последиците од воена интервенција. Советникот за национална безбедност на претседателот и другите членови на неговиот тим ги разгледуваат сите опции, вклучително и продолжување на дипломатските разговори со Иран, кои се водат во Женева.
Американската администрација нагласува дека дипломатијата е сè уште примарна цел, но воената акција останува „на маса“ ако Иран не ги исполни клучните услови, првенствено во врска со својата нуклеарна програма. Белата куќа нагласи дека Трамп презентирал аргументи и за и против воена интервенција, во текот на разговорот со соработниците.
Во исто време, сојузникот на САД, Бенјамин Нетанјаху, го зголеми алармот во Израел за можен координиран напад врз Иран, а целокупното распоредување на војската и дипломатските тензии сугерираат дека регионот би можел да биде на работ на голем конфликт.












