Турците се надеваат дека ќе ја вратат Формула 1 во својата земја откако претходно беше објавено дека е голема веројатноста да биде вклучена Големата награда на Турција во календарот на Ф1 во 2027 година. Се верува дека страните веќе постигнале принципиелен договор.

Според најновите извештаи во турскиот печат, организаторите на трката „Истанбул парк“ се стремат да потпишат петгодишен договор со Формула 1, со можност за обновување. Сепак, останува нејасно дали Големата награда на Турција, доколку се врати, ќе се одржува годишно или ќе се менува со друга трка и ќе се одржува на секои две години, како што ќе биде случај со трките во Спа и во Барселона, кои ќе почнат во 2027 година.

ИЗДВОЕНИ