Ќе се уредува каналот во Сингелиќ

181

Општина Гази баба ќе го уредува каналот во Сингелиќ. Градоначалникот, Бобан Стефковски, и првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, го потпишаа договорот со кој се обезбедуваат средства во висина од 21.073.863 денари за реализација на првата фаза од уредувањето на коритото на каналот во Сингелиќ.

– Уредувањето на одводниот канал е од клучно значење за жителите на Сингелиќ. Овој канал со години претставуваше ризик од поплави, загадување на околината и сериозен проблем за хигиената и секојдневниот живот на граѓаните. Конечно, започнуваме со решавање на проблем кој предолго беше игнориран. Сите претходни власти им ветуваа на граѓаните на Сингелиќ дека ќе го решат овој горлив проблем, но за жал, сè остануваше само на зборови – истакна Стефковски.

 

ИЗДВОЕНИ