Од Град Скопје информираат дека на координацискиот состанок одржан денеска заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ биле утврдени динамиката и моделот за реализација на овој важен инфраструктурен проект, кој ќе донесе околу 500 нови паркинг-места и значително ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.
– Официјално го започнуваме процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамките на Клиничкиот центар. Ова е конкретно, функционално и трајно решение што директно ќе им ги олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава, кои секојдневно доаѓаат на лекување. Изградбата на монтажните гаражи ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за Итната медицинска помош и поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот, со почитување на јавниот простор и на современите урбанистички стандарди – истакна скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски без да каже детали околу реализацијата и кога конкретно ќе започнат градежните активности
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, го најави започнувањето на процесот на изградба на две монтажни катни гаражи во рамките на Клиничкиот центар во Скопје, со што, како што вели, се презема конкретен и системски чекор кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во овој значаен здравствен комплекс.
Од Град Скопје информираат дека на координацискиот состанок одржан денеска заедно со министерот за здравство, Азир Алиу, и со стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ биле утврдени динамиката и моделот за реализација на овој важен инфраструктурен проект, кој ќе донесе околу 500 нови паркинг-места и значително ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.
– Официјално го започнуваме процесот на изградба на две монтажни катни гаражи во рамките на Клиничкиот центар. Ова е конкретно, функционално и трајно решение што директно ќе им ги олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава, кои секојдневно доаѓаат на лекување. Изградбата на монтажните гаражи ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за Итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, со почитување на јавниот простор и на современите урбанистички стандарди – истакна Ѓорѓиевски без да каже детали околу реализацијата и кога конкретно ќе започнат градежните активности.
Според Ѓорѓиевски, овој важен инфраструктурен зафат е во координација со премиерот Христијан Мицкоски, што, како што вели, претставува јасен сигнал за заедничката посветеност за решавање на реалните проблеми на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.
Ѓорѓиевски уште на почетокот од годинава најави дека до втората половина на 2026 година ќе почне да се гради првата катна гаража и дека до крајот на неговиот мандат се планирани двете катни гаражи.
Неколку дена претходно, пак, министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека до мај 2026 година, Клиничкиот центар во Скопје ќе добие целосно нов паркинг, со смарт-инфраструктура и со катна гаража. Тој појасни дека досега реализацијата била блокирана поради административни проблеми поврзани со инфраструктурата на паркингот, но дека се надминати тие пречки и дека проектот влегува во завршна фаза.
Имено, земјиштето на паркинг-просторот ќе се запише во сопственост на Република Македонија, со што се отстранува административната пречка за потпишување договор со ЈП „Градски паркинг – Скопје“. Со овој договор ќе се овозможат модернизација и значително зголемување на капацитетите за паркирање, но и воспоставување ред.
– Предвидуваме комплетен мониторинг на паркирањето, информативни табли и дигитален водич што ќе ги насочува граѓаните. Целта што ќе ја постигнеме ќе биде пациентите и вработените да имаат функционален, безбеден и организиран пристап до комплексот клиники – најави Алиу. (А. П.)












