Ќе се скенираат таблици: Швајцарија предлага посебен данок за оние кои влегуваат во земјата без ноќевање

174

Пет партии во швајцарскиот парламент планираат да предложат закон со кој би се вовела такса за влез во земјата без ноќевање, таканаречен транзитен данок. Со тоа, тие сакаат да постигнат поефикасна распределба на сообраќајот и да избегнат големи гужви, особено за време на празниците.

Според нацрт-законот, плаќањето би се регулирало со скенирање на регистарските таблички на возилата при влез и излез од земјата. Освен во исклучителни случаи, возачите би платиле одредена сума ако властите по напуштањето на земјата утврдат дека тие „не престојувале во Швајцарија долго време“, објави 24 Ур.

Симон Штадлер, член на центристичката партија „Мите“, за локалните медиуми изјави дека износот ќе биде поголем за време на празниците, а помал во текот на неделата. Предлог-законот се разгледува по поплаките од жителите во одредени делови од земјата кои се соочуваат со огромни гужви.

Сè уште не е познато дали оваа транзитна такса ќе биде во согласност со договорот за копнен транспорт меѓу Швајцарија и Европската Унија, па затоа можеби ќе бидат потребни дополнителни преговори со соседните земји. Доколку швајцарскиот парламент го одобри законот, зелено светло ќе мора да даде и владата.

ИЗДВОЕНИ