недела, јануари 18, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се реконструираат улици, пешачки патеки, паркинзи…

Ќе се реконструираат улици, пешачки патеки, паркинзи…

776

Со реконструкција на улицата „Боро Менков“, Општина Бутел започнува со голема градежна офанзива во населбата Скопје Север, во која ќе бидат инвестирани 65.000.000 денари.

– Реконструкцијата ќе ги опфати и тротоарите, пешачките патеки како и паралелните паркинзи. Во одреден дел на улицата ќе обезбедиме и нови паркинг-места. Ова е една од најголемите и најзначајните улици во Скопје Север – соопштија од Општина Бутел.

Градоначалникот, Дарко Костовски, најави и дека ќе се реконструира и улицата „Костурска“ заедно со двата големи паркинг-простори и пристапни патеки.

– Исто така, прв пат ќе се изгради и тротоар за безбедно и непречено движење. Потоа, ќе се санираат сите пристапни патеки до зградите во должина од преку 2.000 метри. Со оваа реконструкција ќе бидат опфатени зградите на улиците: „Боро Менков“, „Костурска“, „Лазо Москов“ и „Гоце Стојчевски“ – истакна Костовски.

Воедно, ќе се обнови и фасадата на ООУ „Петар Здравковски – Пенко” кое се наоѓа во населеното место Скопје Север, а на барање на жителите ќе бидат опфатени и неколку помали паркинзи.

Ќе се направат и ново детско игралиште, нови паркови и ќе се постави нова урбана опрема во неколку делови на населеното место Скопје Север.

 

ИЗДВОЕНИ