Ќе се реконструираат преку петнаесетина улици во Карпош

48

– Преку петнаесетина улици ќе се реконструираат во Општина Карпош со поддршка на Владата. Општината полека ќе го смени урбаниот лик и ќе се развива, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, при денешната посета на Општина Карпош. Николоски заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, извршија увид во реконструкција на улицата „Јуриј Гагарин“, проект кој се реализира со поддршка на Министерството за транспорт, а во заедничка соработка со општината.

– Ова беше заглавен проект, проект за кој и покрај тоа што имавме обезбедено средства, не можевме да го реализираме. Сега успешно се решени сите предизвици и проблеми околу овој проект и, еве, веќе се гради. И доколку сè оди добро и нè послужи времето до Нова година, оваа улица може да се заврши, како и паркингот зад зградите, и да се добие нов урбан лик на овој простор – истакна Николоски.

Тој најави дека дополнително има уште еден проект кој се реализира со Светска банка во вредност од преку 13 милиони денари, а  тоа е улицата „Петар Чаулев“, која целосно ќе се реконструира во должина од околу 600 метри, што дополнително ќе придонесе за урбаниот развој на општината.

На тоа додаваме уште дванаесетина значајни проекти што ги реализираме преку вториот повик на Владата заклучи Николоски.

ИЗДВОЕНИ