Ќе се реконструираат повеќе улици, а се спроведуваат постапки за избор на изведувачи за капитални проекти

110

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информираше дека се потпишани договорите за реализација на градежни активности за целосна реконструкција на повеќе улици.

Станува збор за: „Петре Филиповски Гарката“ во Триангла, „Јордан Поп Јорданов“, во Маџари, „Париска Комуна“, во Хиподром, како и патот кон гробиштата Камник.

Дополнително, се очекува да се склучи и договорот за реконструкција на улицата „Жан Жорес“, во Маџари.

Градежните активности на овие локации ќе започнат во следните неколку дена.

Стефковски најави и дека паралелно се спроведуваат постапки за избор на економски оператори за: изградба на нова училишна сала во ООУ „Григор Прличев“ – Железара, надградба на ООУ „Крум Тошев“ – Трубарево, изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница, на фекални канализации во Идризово и Дрма, за Јурумлери, како и во Чукур Маало и Гоце Делчев, атмосферска канализација на улиците: „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ – Железара, изградба на каналот во Сингелиќ, реконструкција на улиците: „Палмиро Тољати“ – Ченто, „519“ – Керамидница, „22“- Сингелиќ, „30“– Чукур Маало, Трубарево, но и изградба на улица „2“ – Железара.

 

ИЗДВОЕНИ