Ќе се реконструира улицата „Бел камен“ 

20

В. д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски, го потпиша договорот за реконструкција на дел од улицата „Бел камен“ во Кочани.

Според проектот, ќе изработи комплетно нова улица на која ќе се изгради атмосферска канализација, ќе се постават два слоја асфалт, нови тротоарски површини, улични рабници и ќе се изврши замена на тампонот.

За улицата „Бел камен“ е изработен сообраќаен проект.

Работите на улицата „Бел камен“ ќе се реализираат со 10.803.000 денари, средства коишто Општина Кочани ги доби од Владата, преку заемот од Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“.

Со одлука на Советот, Општина Кочани  учествува во финансирањето со 700.000 денари.

Градежните работи ќе ги изведува „Стентон градба“, а ќе се одвиваат на крак со должина од 280 метри и ширина 6 метри.

 

ИЗДВОЕНИ