петок, февруари 6, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се реконструира покривот на ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола

Ќе се реконструира покривот на ОУ „Св. Климент Охридски“ во Битола

103

Преку „Грант програмата за мали проекти за човекова безбедност (GGP)“ Јапонија обезбеди поддршка за реализација на проекти во Здравствениот дом – Вевчани и во основното училиште „Св. Климент Охридски“, во Битола.

-Проектот за реконструкција на покривот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Битола, во вредност од 80.314 евра, ќе помогне за подобрување на образовната средина за учениците – информираат од Амбасадата на Јапонија.

За таа цел беа потпишани договорите од страна на амбасадорката на Јапонија во Македонија, Сецуко Кавахара, со директорите Рената Пешиноска на ЈЗУ Здравствен дом – Вевчани и Предраг Созовски, директор на основното училиште „Св. Климент Охридски“, во Битола.

-Ова е втор пат да сме приматели на јапонска помош. Со овој втор добиен грант и по висината на одобрените средства, покрај нашата Влада, Јапонија преставува најголемиот поддржувач и помагач во реализацијата на воспитно – образовниот процес во училиште. Оваа донација ќе овозможи подобри услови за реализација на наставниот процес правејќи го нашето училиште по безгрижна и по безбедна училишна средина – рече Созовски.

 

ИЗДВОЕНИ