Општина Кисела Вода и Националната установа – Оркестар за џез музика на Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со кој се прошируваат активностите во областа на културата на територијата на општината. Документот го потпишаа градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска и директорот на Националниот џез оркестар, Гоце Стевковски.
Соработката предвидува реализација на концерти, музичко-сценски настапи, работилници и едукативни програми, со цел збогатување на културната понуда за граѓаните.
-Нашата цел е културата и уметноста да бидат поблиску до секој жител на Кисела Вода. Со оваа соработка создаваме услови за повеќе квалитетни и современи културни содржини, а посебен фокус ставаме на младите музичари и сите љубители на џез музиката. Кисела Вода останува да биде општина што инвестира во културата и младите-изјави Стаменкоска -Трајкоска.












