Министерството за финансии подготвува правилник со кој ќе се утврдуваат репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на лицата и компаниите што бараат лиценца за приредување игри на среќа.
Правилникот ќе ја пропишува документацијата потребна за добивање лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола, вклучително и податоци за евентуални санкции и забрани за приредување игри на среќа.
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, вели дека ова е важен чекор во спроведувањето на новиот Закон за игри на среќа. Таа најави дека се подготвуваат и останатите подзаконски акти, со цел поголема контрола, заштита на граѓаните и поефикасен систем.












