четврток, февруари 5, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се поставуваат уреди за мерење на бучава во Центар

Ќе се поставуваат уреди за мерење на бучава во Центар

212

Општина Центар ќе почне со поставување уреди за мерење бучава. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека постапката за набавка на уредите е завршена и нивното поставување треба да почне веднаш.

На состанокот со раководителите на сектори, Герасимовски истакна дека уредите се приоритет и дека треба да се инсталираат што поскоро.

– Предлагам тие да почнат што поскоро да се поставуваат. Ако можеме, уште од оваа недела да почнат да се поставуваат на 30 локации – изјави тој.

Одлуката каде точно ќе бидат поставени мерните станици ќе зависи од потребите на жителите на Центар, а локациите ќе се одредуваат според бројот на пријави и поплаки.

– Уредите  ќе бидат поставени на ударните локации каде што граѓаните најмногу се жалат на бучава во ноќните часови – нагласи Герасимовски.

Во рамките на состанокот, градоначалникот најави и дека во ноември ќе се одржат буџетските форуми, каде што граѓаните се добредојдени да дадат предлози за новата програма и буџет.

Покрај ова, Герасимовски информира и за други активности, како што се: хортикултурно и партерно уредување на плочникот кај Зелен пазар, но и за тоа дека Општината нема да го чека Градот Скопје и сама ќе преземе мерки за одржување на хигиената, со секојдневна работа на хигиеничарите.

 

ИЗДВОЕНИ