среда, јануари 28, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се поделат нови 1.150 пластични канти за отпад

Ќе се поделат нови 1.150 пластични канти за отпад

41

Општина Велес, во соработка со Бирото за регионален развој, обезбеди 1.150 канти за отпад, кои во наредниот период ќе бидат дистрибуирани до домаќинствата во руралните средини, преку службите на ЈКП „Дервен“.

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, истакна дека со овој проект ќе се придонесе за подигање на свеста за здрава и чиста животна средина и во руралните средини.

Општина Велес, почнувајќи од 2014 година наваму, континуирано секоја година, со средства од општинскиот буџет, дели бесплатни зелени и жолти канти од 120 литри за сите велешки домаќинства во градот и во некои приградски населби и села.

 

ИЗДВОЕНИ