петок, февруари 27, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се отвори Центар за лица со попреченост во Ѓорче Петров

Ќе се отвори Центар за лица со попреченост во Ѓорче Петров

79

Општина Ѓорче Петров го официјализира партнерството со Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка преку договор за грант за развој на социјални услуги на локално ниво. Во соработка со здружението „Во мојот свет“ ќе се отвори Центар за дневен престој и индивидуален третман за деца и млади со попреченост.

Центарот ќе обезбедува стручни и достапни услуги за: деца од 1 до 14 години – со фокус на рана интервенција и поттикнување на моторни, когнитивни и говорни вештини, млади од 14 до 26 години – преку индивидуални и групни активности за социјална интеграција, самостојност и подготовка за пазарот на труд.

Општината ќе обезбеди финансиска и организациска поддршка, додека „Во мојот свет“ ќе ја реализира стручната програма преку мултидисциплинарен тим на дефектолози, логопеди, психолози и други експерти.

– Овој проект претставува инвестиција во еднаквите можности и достоинството на лицата со попреченост, како и во градење на Општина по мерка на сите граѓани – инклузивна, солидарна и човечна – информираат од Општина Ѓорче Петров.

 

ИЗДВОЕНИ