понеделник, јануари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се одбележи „Свети Трифун – Недела на виното 2026“ во Неготино

Ќе се одбележи „Свети Трифун – Недела на виното 2026“ во Неготино

25

Со четиридневна програма, од 12 до 15 февруари, во Неготино ќе се   одбележи „Свети Трифун – Недела на виното 2026“.

– Неготино, срцето на винската традиција, и оваа година широко ги  отвора портите за сите љубители на доброто вино, традицијата и  македонската песна – соопштија од Општина Неготино.

Оттаму додаваат дека во рамки на богатата четиридневна програма ќе има дегустации на најдобрите вина и ракии, изложби на старите занаети и уметнички творби на нашите најмлади, како и  традиционално закројување на лозата.

За музиката и забавниот дел ќе бидат задолжени „Некст тајм“. И оваа година, во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите, „Св. Трифун“, ќе се одржи натпревар во дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални производители од општина Неготино.

Општина Неготино ги информира сите заинтересирани за учество на натпреварот дека рокот за поднесување мостри од бели, црвени и розе вина и ракии е до вторник (10.02.2026 гoдина) од 08:00 до 16:00 часот, во просториите на локалната самоуправа. Поднесените мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од страна на стручни лица – енолози, кои ќе одлучат кои вина и ракии ќе добијат признанија и награди за квалитет.

Наградите и признанијата на најдобрите индивидуални производи на домашни вина и ракии ќе им ги врачи градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева, на денот на одржувањето на централниот настан по повод „Св. Трифун“, 14 февруари.

ИЗДВОЕНИ