
Тенискиот турнир – Лејвер Куп оваа година се игра во септември во Сан Франциско, а комплетните екипи сè уште не се познати, но за организаторите е од големо значење што Карлос Алкараз веќе потпиша договор за учество. Шпанецот го донесе победничкиот поен на Тим Европа во Берлин минатата година, но оттогаш неговата популарност експлодираше, што го прави вистински магнет за гледачите.
Сепак, Роже Федерер, еден од косопствениците на ова натпреварување посветено на еден од најголемите шампиони на сите времиња, Австралиецот Род Лејвер, планира уште поголема атракција.
„Ќе се обидам да ја соберам „големата четворка“ во Сан Франциско. Јас веројатно ќе дојдам, но не знам дали Рафа ќе биде таму, а ниту дали Новак ќе биде во ждрепката, а Енди најверојатно ќе биде таму. Не знам колку термини има кога сите можеме да се собереме, можеби би било пореално да го направиме тоа на терените за голф, отколку за тенис“, рече швајцарскиот ас.