Украинецот Александар Усик, шампионот во бокс, во тешка категорија, изрази сериозна загриженост за животот на јутјуберот Џејк Пол пред неговата борба против Британецот Ентони Џошуа. Усик, кој самиот сака меч со Пол, верува дека исходот од борбата закажана за 19 декември би можел да биде фатален за американскиот инфлуенсер.
Украинскиот боксер, кој самиот се искачи од полутешка категорија во тешка категорија и двапати го победи Џошуа, добро ги знае опасностите со кои се соочуваат борачите против многу поголемите противници. Разликата помеѓу Пол и Џошуа е огромна, не само што е Пол десет сантиметри понизок туку и разликата во нивната последна регистрирана тежина за борба е дури 23 килограми.
Усик не штедеше зборови, споредувајќи ги двајцата борачи на многу графички начин.
– Ако сака, Ентони Џошуа ќе го убие овој човек. Ентони Џошуа е олимписки шампион. Џејк Пол е спортист, јутјубер, шоумен. Џошуа е „ролс-ројс“, Џејк е „фиат“. Слушајте, вистина е, ќе се молам за Пол – предупреди Усик за „Boxing Scene“.
Причина за молитвата на Усик не е само грижата за здравјето на Пол туку и личниот интерес. Тој се надеваше дека ќе договори ММА-борба со јутјуберот, но се плаши дека нема да остане ништо од него по средбата со британскиот тешкаш.
– Сакам да се борам со Џејк Пол во октагонот, но не верувам дека ќе остане нешто од него по борбата со Џошуа. Ќе се молам за него да не го убие – додаде Украинецот.
За да се видат разликите во нивниот кариер во перспектива, доволно е да потсетиме дека Џошуа го освои олимпиското злато како аматер пред да стане двократен светски шампион во тешка категорија. Од друга страна, Пол се бореше само на еден аматерски меч пред својата професионална кариера, која започна во 2020 година.












