Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, најави подновување на возниот парк на „МЖ-Транспорт“. Во следниот период ќе се набават две нови локомотиви и репарација на 11 постојани локомотиви, а ќе се купат и нови патнички возови.
– Владата донесе одлука за соработка меѓу „МЖ-Транспорт“ и ЕБРД со цел репарација на 11 постојани локомотиви, дел електрични, дел дизел и сите се за карго транспорт како и набавка на две нови локомотиви и со една флота од 13 локомотиви и со тоа го решаваме товарниот сообраќај. Кога ќе стигнеме некаде пред две години пред завршување на пругите, ќе започнеме и набавка на нови возови. Набавката трае шест месеци и добавувачите бараат приближно една година да ги достават возовите и треба одреден период да се обучи кадар за новите возови – истакна Николоски.