недела, февруари 1, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се избира најубаво новогодишно украсени двор, тераса, простор пред зграда…            

Ќе се избира најубаво новогодишно украсени двор, тераса, простор пред зграда…            

74

По повод новогодишните и божиќните празници, Општина Гази Баба распиша јавен повик за „Најубаво новогодишно украсување“.

Од Општината ги повикуваат сите жители да се вклучат и заеднички да го разубават просторот во кој живеат и работат.

Пријавувањето може да биде за: новогодишно украсен двор, тераса, заеднички простор пред зграда (заедница на станари), простор пред стопански субјект,  градинки, основни училишта.

За најкреативните и најубаво украсените простори ќе бидат доделени  награди.

Сите заинтересирани може да се пријават на телефонскиот број: 076 469 554, кај Даниела или лично во едношалтерскиот систем во Општина Гази Баба.

Рок за пријавување е до 23.12.2025 до 16:00 часот. Пријавата треба да содржи: адреса и телефон за контакт.

Комисија од Општина Гази Баба ќе ги посети пријавените на 25.12.2025 по 17:00 часот.

ИЗДВОЕНИ