
Бразилскиот напаѓач Родриго многу наскоро би можел да стане нов член на Манчестер Сити. „Граѓаните“ се подготвени да платат 100 милиони евра за неговите услуги, што е сумата што ја бара Реал (М).
Менаџерот на англискиот клуб, Пеп Гвардиола, долго време сонува за Родриго, а иако тренирал многу одлични играчи, Бразилецот е неостварен сон за него.
Сепак се чини дека сонот ќе стане реалност до крајот на летниот преоден рок. „Граѓаните“ преговараат за трансфер на одличниот напаѓач и се подготвени да го доведат на „Итихат“.
Најпознатиот новинар кога се во прашање трансферите, Италијанецот Фабрицио Романо сподели неколку интересни информации.
„Манчестер Сити го сака Родриго. На секоја можна средба за доведување на крилни играчи, Пеп Гвардиола секогаш го споменува Родриго. За него, тој е трансфер од соништата и идеален играч за неговите фудбалски идеи“, изјави гуруто за трансфери.
Родриго е на работ да го напушти Реал (М). Чаби Алонсо нема намера да го направи клучен играч покрај многуте ѕвезди што ги има, па затоа „кралевите“ ја оставија конечната одлука на Бразилецот и неговиот тим.
Има место за него во Реал, но не доволно за да бидат задоволени неговите апетити. Раководните лица немаат ништо против да го продадат, цената е одредена на 100 милиони евра, но играчот ќе го има последниот збор.
Бразилецот досега не изјави дека сака да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, но најновите информации сугерираат дека е целосно свесен дека нема да биде меѓу клучните играчи на тимот и се подготвува за нови предизвици.
Сити би можел да ги интензивира преговорите во наредните денови и конечно да го комплетира трансферот, а „граѓаните“ на тој начин би го исполниле најголемиот сон на Пеп Гвардиола.
Тие се подготвени да му понудат одлични услови, а со Пеп тој би бил еден од главните играчи и Сити дефинитивно би ги зголемил шансите за освојување на титулата во Англија.
Родриго пристигна во Реал (М) и со „кралскиот клуб“ освои апсолутно сè и честопати беше херој од сенка. 24-годишниот Бразилец одигра 270 натпревари за еден од најголемите клубови во светот и има учинок од 68 гола и 51 асистенција.