Ќе се доврши фекалната канализација во Гоце Делчев и Чукур Маало

18

Општина Гази Баба ја започна постапката за избор на економски оператор кој ќе ги реализира градежните работи за довршување на изградбата на фекалната канализација во Гоце Делчев и Чукур Маало – Трубарево.

Од Општина Гази Баба информираат дека со реализацијата на овој проект, секој дом од овие две населени места ќе биде приклучен на фекална канализација.

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Европска инвестициона банка преку Министерството за животна средина во износ од 512.500 евра, а општината обезбедува кофинансирање од 167.000 евра.

 

ИЗДВОЕНИ