недела, февруари 1, 2026
Дома СКОПСКА Ќе се доградува и надградува училиштето „Страшо Пинџур“

Ќе се доградува и надградува училиштето „Страшо Пинџур“

56

Ќе се доградува и надградува основното општинско училиште „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров.

Од Општина Ѓорче Петров информираа дека Советот на Општината едногласно донел одлука за целосно ослободување од плаќање на комуналии за доградбата и надградбата на ова училиште, со што се овозможува поефикасна и побрза реализација на проектот.

– Со оваа инвестиција се обезбедуваат проширени просторни капацитети и значително подобрени услови за изведување на едносменска настава, во интерес на учениците, наставниот кадар и родителите – соопштија од Општина Ѓорче Петров.

Проектот е финансиран од Министерството за образование и наука и претставува трета доградба на основно училиште на територија на општината која ќе се реализира во текот на оваа година.

Како што нагласуваат општинските власти, тие остануваат посветени на одговорно и стратешко инвестирање со јасна цел – квалитетно образование и подобра иднина за најмладите жители на Општината.

 

ИЗДВОЕНИ