Ќе се доделува наградата „Патрон на градот – свети Климент Охридски“

12

По повод 8 Декември, Свети Климент Охридски, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, распиша конкурс за доделување на општинската награда  „Патрон на градот – свети Климент Охридски“ за 2025 година.

Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот, кои се од особено значење за Општина Охрид и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредокот и севкупната афирмација во Република Македонија и во светот.

Право на учество на конкурсот имаат установите, трговските друштва, здруженијата на граѓани и поединци.

Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор. Исто така, потребно е кон пријавата да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или од истакнат поединец од областа за која се конкурира.

Наградата „Патрон на градот – свети Климент Охридски“ се доделува на еден добитник, само еднаш и не може да се дели меѓу повеќе добитници.

Конкурсот трае 15 календарски дена, сметано од денот на објавувањето. Пријавите што ќе бидат доставени по истекот на рокот, нема да бидат разгледувани.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ