Ќе се дисциплинираат трговците што ги зголемија цените пред празниците?!

52

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, рече дека се чекаат анализите на Државниот пазарен инспекторат и податоците на Државниот завод за статистика, кои треба да потврдат дали имало девијантно однесување на трговците и зголемени цени пред празниците.

– Идната недела ќе ги анализираме податоците за цените од крајните денови на декември и од првите денови од јануари и ќе бидете известени дали има девијантно однесување од трговците или зголемување на цените. Ќе бидете известени како ќе постапиме – рече денеска на новинарско прашање министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

ИЗДВОЕНИ