недела, јануари 18, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се чекаат резултатите од истрагата за првата антикорупционерка

Ќе се чекаат резултатите од истрагата за првата антикорупционерка

69

Оставка од претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска која во моментов има забрана за вршење на дејноста не побараа ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ. Тие ќе ја почекаат истрагата па потоа ќе се произнесат.

„Најсоодветно е прво да видиме што ќе покаже истрагата. Ние внимателно ги следиме информациите. Внимателно ги следиме сите детали поврзани со овој случај, ја почитуваме и презумпцијата на невиност“, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

На слична линија е и ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија ги повикаа надлежните органи да го расчистат случајот.

„Доколку постојат докази за сторено кривично дело, недозволено е таквото однесување. Од аспект на морал, поголема е одговорноста кај лицата кои извршуваат високи јавни функции, отколку кај останатите“, изјави Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Првата антикорупционерка е осомничена за оддавање службена тајна за предметот „Адитив“, а нејзините поранешни колеги побараа веднаш да си даде оставка бидејќи со нејзиниот молк, ја инфицира целата институција. Во спротивно, пбараа тоа да го стори Собранието кое ја назначи.

 

ИЗДВОЕНИ