Ќе почне изградбата на колекторски систем во Трпејца

23

Во селото Трпејца во Охрид, овој месец ќе почне да се гради колекторски систем, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Тој соопшти дека во втората половина на август „веќе се воведува во фирмата изведувач во работа“ и оти проектот за колекторски систем во Трпејца е поделен во две фази. 

– Според моите информации, првата фаза се пречистителна станица и делови од двата цевковода – потисниот и одводниот. Потоа ги имаме препумпната станица и другиот дел од овие два цевковода, во втората фаза. Така што даденото ветување за трпејчани ќе биде реализирано – рече Мицкоски.

ИЗДВОЕНИ