Ќе летувате во Грција? Ова се цените во рестораните, на лежалките и пијалоците во предсезоната!

2518

Во пресрет на летната сезона, многу туристи кои планираат летување во Грција се распрашуваат за цените на намирниците, лежалките, а многумина ги интересираат и цените во кафулињата и рестораните.

Како и во другите европски земји, така и годинава цените во Грција се нешто повисоки од претходните години. Љубителите на гирото треба да знаат дека овој специјалитет може да се најде од три до 4,5 евра, суфлакито чини речиси исто, додека оброкот во поевтините ресторани чини од 15 до 20 евра, додека пијалоците чинат од 2,5 до шест евра.

Грчкаинфо објави нов ценовник за храна и пијалоци во угостителските објекти:

Цени во ресторани и кафулиња

Гиро пита (сендвич) 3 – 4,5
Гиро порција 7 – 10
Суфлаки 3 – 4
Оброци во поевтини ресторани 15 – 20
Оброци во поскапи ресторани 30 – 50
Пица 6-12
Риба 8-60
Скара 6 – 14
Лаврак 400 гр. 16-18
Лигњи на скара 15
Пржени тиквички 6-7
Помфрит 5,5-6
Салати 5-8

Цезар салата со пилешко 10 – 11
Фета со мед и сусам 6-8
Халуми 7-8
Мусака 10-11

Ценовник за пијалоци

Домашно пиво 4,5 – 5
Странско пиво 5-6
Сокови 3 – 5,5
Вино 2,5 – 22
Кафе фрапе 3-4
Капучино 4 – 4,5
Милкшејк 5-6
Коктели 8-15
Жестоки пијалоци 2-6

Шише вода (0,33 l) 0,5 – 1,3
Палачинка 2,5 – 5
Пченка 2 – 3
Топка сладолед 1-3

Реквизити за плажа

Што се однесува до цената на реквизитите за плажа, тие се движат од 4,5 до 30 евра. Лежалките се меѓу поевтините и може да се најдат до седум евра, чадори за сонце чинат од седум до 12, додека душеците на надувување од 10 до 30 евра. Секој што сака да изнајми велосипед во Грција ќе чини 10 евра, скутер чини од 10 до 40, додека автомобилите чинат од 25 до 70 евра.

ИЗДВОЕНИ