понеделник, јануари 19, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Ќе „летаат“ казни за секое прекршување на правилата во угостителските објекти

Ќе „летаат“ казни за секое прекршување на правилата во угостителските објекти

56

Во пресрет на празничната сезона, Државниот пазарен инспекторат најави засилени контроли во угостителските објекти низ земјата, со цел да се спречат злоупотреби и да се гарантира безбедноста на гостите.

Од Инспекторатот велат дека очекуваниот наплив на прослави и на приватни забави секоја година носи ризик од прекршување, поради што контролите ќе бидат почести и построги.

Инспекторите ќе проверуваат дали се почитуваат правилата за максимален број гости, работното време, забраната за пушење и сите други законски обврски што важат за угостителите.

– Апелираме угостителите да работат совесно и во целост да ги почитуваат законските прописи, особено сега, кога се очекува зголемена фреквенција на гости – порачаа од ДПИ.

Од Инспекторатот истакнуваат дека за секое непочитување на правилата ќе следуваат казни и соодветни мерки, согласно со надлежните закони.

Граѓаните што ќе забележат неправилности може да пријават на телефонскиот број 191 или преку веб-страницата dpi.gov.mk.

ИЗДВОЕНИ