
Челниците на англискиот премиерлигаш Манчестер Сити составија список со фудбалери кои би требало да бидат продадени за време на летниот преоден рок. Како што информираат британските медиуми, излезната врата од „Итихат“ ќе им биде покажана на искусните Џон Стоунс, Илкај Гундоган и Матео Ковачиќ, како и на помладите фудбалери, Нико О’Рајли, Клаудио Ечевери и на Оскар Боб.