До неговата смрт, Џорџо Армани беше првата фигура и главен дизајнер на истоимената модна куќа. За разлика од многу луксузни брендови, тој никогаш не ја „стави“ компанијата на берзата и остана нејзин единствен сопственик. Неговата независност беше клучна филозофија на брендот, а според Форбс, Армани Групацијата оствари приход од 2,4 милијарди долари во 2024 година. Во интервјуата, Армани често зборуваше за тоа како ја гледа работата и брендот.
„Успехот за мене никогаш не бил во акумулирањето богатство, туку во желбата да го изразам мојот начин на размислување преку работа“, изјави тој за GQ од Италија во 2017 година.
Неговиот професионален живот беше посветен на модната куќа, а тој беше активен дури и во последните денови.
„Работеше до последните денови, посветувајќи се на компанијата, колекциите и многу сегашни и идни проекти“, објави тимот на Армани Групацијата во моментот на објавувањето на неговата смрт.
Што ќе се случи со компанијата сега?
Во својата автобиографија „Per Amore“, Армани ги откри и плановите за иднината на брендот по неговата смрт.
„Ќе има Армани дури и по Армани“, најави тогаш дека ништо нема да пропадне.
Без деца, Армани планираше неговото наследство и компанија да бидат зачувани од неговото семејство и долгогодишните соработници, така што неговиот стил, визија и независност ќе останат недопрени.
„Постојат луѓе кои работеа со мене со децении и би сакал тие да продолжат да се грижат за брендот. Семејството и колегите се столбовите на Армани и тоа ќе продолжи и по мене“, рече тој во интервју за Фајненшл тајмс само неколку дена пред неговата смрт.