Ќе има драстично поскапување на кафето?

280

Цената на кафето би можела дополнително да порасне на светскиот пазар откако САД најавија можни царини за увозните стоки од Бразил – еден од најголемите извозници на кафе во светот. Според процените на експертите, оваа мерка може сериозно да ја оптовари индустријата, која веќе се соочува со последици од екстремните временски услови.

Како што објави „Њујорк тајмс“, сушите што ги зафатија Бразил и Виетнам, двата најголеми извозника на кафе во САД, значително ги намалиле приносите. Понудата е ограничена, а цените растат. Новите американски царини само ќе го зголемат притисокот врз веќе ранливиот синџир на снабдување.

Просечната цена за половина килограм печено кафе во САД достигна 7,93 долари, што е речиси 2 долари повеќе од минатогодишната цена од 5,99 долари. Овој тренд би можел да се одрази и на другите пазари во светот, вклучително и во Европа и на Балканот, каде што голем дел од кафето потекнува токму од Бразил и од Виетнам.

Производителите и увозниците внимателно ја следат ситуацијата, додека потрошувачите со загриженост гледаат кон евентуалното ново поскапување на една од најпопуларните утрински навики во светот.

 

ИЗДВОЕНИ