
Агентите на англискиот интернационалец, Маркус Рашфорд, пред неколку дена имале состанок со челниците на каталонскиот гигант Барселона, кои планираат да го откупат договорот на крилниот напаѓач. Повремениот репрезентативец на Англија настапува на „Ноу Камп“ како позајмен играч од редовите на Манчестер Јунајтед, а Барса има право да го откупи неговиот договор со понуда не помала од 30 мил. евра.











