“Нашите Македонците се секаде низ светот, па каде и да одам да пеам ми ја презентираат својата љубов кон родната земја и кон моите песни. Јас сум горд Македонец од Македонија и пеам македонски песни, свој сум на своето!“
Судејќи по најавите на голем број концерти Нова година како да е веќе овој викенд. Впрочем така ќе биде се до крајот на декември. Концерти колку што душата ни сака. Но еден од тие а, другите да не ни замерат, веројатно ќе се издвои. Фолк-пејачот Влатко Миладиноски кој стана мамка за народот споделува радосна вест за својата верна многубројна публика. По спектакуларните концерти во Скопје и летово во Охрид во Античкиот театар, тој најавува уште поспектакуларен вистински музички настан. Ке биде тоа заедно со неговиот брат Златко, и со неговите специјални гости, во придружба на големиот оркестар. Се ќе биде во живо без плеј-бек. Пејачот е во големи подготовки за концертот (во организација на “Прагма-продукција“) кој ќе се одржи на 28. декември во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. На неколку дена пред пречекот на Новата 2026 година. Храбро, воодушевувачки и празнично!
Доказ дека и македонските пејачи можат до последно место да ја исполнат оваа Арена. После Калиопи, ДНК, Тони Зен, Слаткар….редот му е и на Влатко. Не само со патриотски македонски песни, туку и со оние љубовните од неговиот богат музички опус. Како што вели самиот Влатко, концертот ќе биде вистинска магија на македонската песна. Голем број од медиумите веќе го најавуваат како едно од најголемите музички случувања оваа скопска зима.
Инаку, на концертот кој беше одржан во Античкиот театар во Охрид имаше гости-туристи од цела Македонија, но и од дијаспората, кои Миладиноски заедно со музичарите одлично ги забавуваше целата вечер. Беше окарактеризиран како еден од многу ретките фолк-концерти во просторот на Античкиот. По некое непишано правило таму место има само за забавњаци, но секако и за традиционално угледната културна манифестација “Охридско лето“. Влатко и Златко ги рипнаа тие бариери и направија простор и за останатите свои колеги народњаци, да пеат во Охрид, ама на сцената на Античкиот театар.
-Постојано се трудам да ја популаризирам македонската народна песна на вистински начин. Во странство да бидам добар амбасадори на Македонија. Македонците се секаде низ светот, па каде и да одам да пеам ми ја презентираат својата љубов кон родната земја и кон моите песни. И ако душманите велат дека не нема, јас сум горд Македонец од Македонија и пеам македонски песни. Свој сум на свеоето, раскажа одлично расположениот Влатко. (Д.М.) foto>FB












