Кражбата во Лувр е напад врз наследството што го цениме, бидејќи тоа е наша историја, порача францускиот претседател Емануел Макрон за мрежата X, пренесува агенцијата Ројтерс.
„Ќе ги вратиме украдените дела, а сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече тој.
Макрон, исто така, напиша дека новиот план на владата за Лувр, објавен во јануари, вклучува зголемени безбедносни мерки.
Француските власти спроведуваат истрага по грабежот во музејот Лувр во Париз утрово, во кој група крадци на скутери побегнаа со „непроценлив“ накит.
Министерството за култура соопшти дека се украдени осум парчиња накит.