четврток, февруари 26, 2026
Дома СКОПСКА Казни за несоодветно поставена урбана опрема 

Казни за несоодветно поставена урбана опрема 

16

Општина Центар ги повикува сите правни субјекти и сопственици на угостителски објекти навремено да ја проверат и да ја подготват целокупната документација за поставената урбана опрема на јавните површини.

– Инспекциската служба на Општина Центар спроведува интензивни теренски контроли за да се утврди дали терасите, натстрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и согласно со издадената документација. За секоја утврдена неправилност, инспекторите, согласно со законските надлежности, ќе реагираат со поведување прекршочни постапки и изрекување соодветни санкции – предупредуваат од Општина Центар.

Градоначалникот Горан Герасимовски во повеќе наврати порача дека нема да има толеранција за бесправно узурпирање на јавниот простор.

– Нашите инспекциски служби се на терен. Соодветни казни ќе има за сите што немаат одобрение за поставување урбана опрема – рече Герасимовски.

 

 

ИЗДВОЕНИ