вторник, февруари 10, 2026
Дома СКОПСКА Казни за непрописно паркирани возила на јавни и на зелени површини  

Казни за непрописно паркирани возила на јавни и на зелени површини  

13

Комуналните инспектори и редари на Општина Центар спроведуваат
засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и на зелени површини.

Од Општина Центар информираат дека на секое неправилно паркирано возило ќе биде оставено известување за сторен прекршок, со предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно со Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на Општина Центар.

– Сторителот на прекршокот е должен веднаш да го подигне прекршочниот платен налог во Општина Центар, Сектор за инспекциски работи, барака 6А. Доколку казната се плати во рок од осум дена, сторителот плаќа половина од износот. По истекот на рокот следува целосна наплата, односно се поведува прекршочна постапка пред надлежен суд – појаснуваат општинските  власти.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека редот се спроведува доследно и без исклучоци.

– Жителите на Центар го бараат тоа од нас. Безбедноста на пешаците и заштитата на јавните и на зелените површини ни се приоритет  – дециден  е Герасимовски.

Општина Центар ги повика граѓаните да ги почитуваат правилата и да придонесат за подобра урбана и животна средина.

ИЗДВОЕНИ