Казни за навреда на Путин – во Русија стапи на сила нов закон

92
EPA/VYACHESLAV PROKOFYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Од денеска во Русија стапи на сила нов закон со кој се криминализира пребарувањето и пристапот до „екстремистички“ материјали. Законот, исто така, предвидува високи казни за рекламирање на VPN мрежи и други алатки што се користат за заобиколување на интернет блокадите, објави руската државна новинска агенција РИА Новости.

Според новите одредби, намерното пребарување на материјали од списокот на руската влада на „екстремистички материјали“, дури и кога се користи VPN, ќе биде казниво со парична казна од три до пет илјади рубли. Списокот на забранети материјали го води Министерството за правда, а содржината се додава на него само со судска наредба. Во моментов, списокот содржи околу 5,5 илјади ставки, објавува хрватски Индекс.

Списокот вклучува широк спектар на материјали, од делата на Адолф Хитлер до снимка во која покојниот руски опозициски лидер Алексеј Навални вели дека Единствена Русија е „партија на крадци и измамници“. Мемот „Геј кловн Путин“ е исто така забранет, како и материјали за саентологијата и Јеховините сведоци, некои песни од руски рапери и панк бендови.

На листата се вклучени и „меѓународното ЛГБТ движење“ и компании како што се „Мета“, сопственикот на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Ватсап“.

Законот, исто така, строго ги казнува рекламирањето на VPN мрежи и други алатки за пристап до блокирани веб-страници. Казните за граѓаните се движат од 50 до 80 илјади рубли (530 до 850 евра), за службените лица од 80 до 150 илјади (850 до 1600 евра), а за правните лица од 200 до 500 илјади рубли (2100 до 5300 евра).

ИЗДВОЕНИ