четврток, февруари 12, 2026
Дома СКОПСКА Казнет изведувачот за проблемот со затнатата канализација на улицата „Мирче Оровчанец“

Казнет изведувачот за проблемот со затнатата канализација на улицата „Мирче Оровчанец“

232

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, имал итна средба со менаџментот на јавното претпријатие „Водовод и канализација“, на која бил разгледан проблемот со затнатата фекална канализација на улицата „Мирче Оровчанец“.

Неофицијално, на состанокот било посочено дека инвеститорот сам ќе ја санира штетата, а доколку има потреба, ќе добие поддршка од ЈП „Водовод и канализација“.

По претставка на граѓаните што живеат во близина на градилиштето, инспекцијата на Општина Центар, пред десетина дена, излезе на увид и изрече глоба за изведувачот за испуштање бетон од објект на јавна површина, со што настанало затнување на главната канализациска мрежа.

– На терен веднаш излегоа и службите на ЈП „Водовод и канализација“, по барање на Општина Центар, при што утврдија дека причина за блокираната канализација е неадекватно изведената градежна работа од страна на инвеститорот – информираат од локалната самоуправа.

Од Општина Центар нагласуваат дека ќе продолжат со активно следење на ситуацијата и во наредниот период ќе продолжи тесната соработка со надлежните институции за целосно решавање на проблемот и спречување какви било дополнителни последици за граѓаните.

 

ИЗДВОЕНИ