ЕУ стопира повеќе од третина од средствата наменети за Украина откако претседателот Володимир Зеленски одобри закон кој ги ограничува овластувањата на клучните антикорупциски институции во земјата.
Унијата замрзнува 1,7 милијарди долари со кои требаше да ја награди Украина за исполнување на стандардите за добро владеење.
Новиот закон на кој Зеленски стави потпис и покрај барањето на граѓаните кои излегоа на протести да стави вето, му дава поголема моќ на политички поставениот обвинителот врз Националното антикорупциско биро (НАБУ) и Специјалното антикорупциско обвинителство (САПО).
ЕУ го воспостави Фондот за Украина минатата година со цел да го поддржи закрепнувањето на земјата и нејзините подготовки за членство во Унијата, ветувајќи речиси 60 милијарди долари за наредните 3 години.