Ѕвездата на на Шарлот, Ламело Бол, е казнета со 35.000 долари за непристоен гест на теренот, објави НБА. Инцидентот се случи во текот на тешкиот пораз на неговиот тим од Мајами хит, кој заврши со 144:117. Бол беше казнет за офанзивен прекршок во четвртата четвртина, па фрустриран од одлуката на судиите, им покажа среден прст, што веднаш му донесе техничка грешка, а потоа и оваа финансиска казна.
Ова не е првпат 24-годишниот Бол да биде казнет за своето однесување. Казната од 35.000 долари е втора најголема во неговата кариер, откако минатата година мораше да плати дури 100.000 долари поради „навредливиот“ јазик во текот на интервју по натпреварот.
Бол, кој ја игра својата шеста сезона со Хорнетс, беше избран од третото место на НБА- драфтот во 2020 година и веднаш беше прогласен за најдобар дебитант во сезоната. Минатата сезона имаше просек од 25,2 поени на натпревар, што е највисок резултат во кариерата, на 47 настапи, но Хорнетс заврши со скор од 19 победи и 63 порази.











