Во Швајцарија, казните за пречекорување на брзината се изрекуваат според приходот на прекршителот, па затоа тамошниот суд донесе пресуда за прекршок во август 2024 година, според која маж мора да плати износ еднаков на 40 дневни заработки за пречекорување на ограничувањето на брзината за 27 км/ч во областа на Лозана, објави магазинот „Феникс“.
Со оглед на тоа што е еден од 300-те најбогати Швајцарци, со имот вреден неколку стотици милиони франци, дневната казна му беше одредена на 2.000 франци. Покрај вака пресметаната казна од 80.000 франци, судот изрече и дополнителна казна од 10.000 франци. Вкупно – 90.000 франци – што е околу 95.500 евра.
Сепак, казната од 80.000 евра е условна – мултимилионерот мора да ја плати само ако го повтори прекршокот во следните три години, додека казната од 10.000 франци мора да се плати веднаш. Пред осум години, истиот милионер веќе беше казнет – тогаш со 60.000 франци и дополнителни 10.000 франци.